Петмина тренери во Премиер лигата добија отказ, еден константно „преживува“ иако грото од навивачите се против него

Во досегашниот дел од Премиер лигата, дури пет екипи одлучија да им врачат отказ на нивните тренери, а последен од нив беше Дин Смит од Астон вила.

Еден ден претходно, односно во саботата, Норвич го отпушти тренерот Даниел Фарке и покрај тоа што дојдоа до првата победа во Премиер Лигата за оваа сезона.

Богатите сопственици на Њукасл решија да му кажат чао на Стив Брус, а Тотенхем се збогуваше со Нуно Еспирито Санто.

Ваквата иницијатива на отпуштање на предводниците ја започна Ватфорд, кој му даде отказ на Циско Муњоз, а на негово место дојде искусниот страгег Клаудио Раниери.

Сепак, еден тренер успева некако да го одбегне отказот иако навивачите тоа го посакуваат со голема желба. Погодувате, станува збор за Оле Гунар Солскјер.

Дури 69 отсто од испитаниците на Манчестер јунајтед сакаат Солскјер да биде што побрзо сменет, но Норвежанецот засега успева да остане на клупата и покрај катастрофалните резултати во последните месеци.

- Оглас -

Најнови вести