Легендарниот чешки фудбалски голман, Петр Чех, имаше деби во британската елитна хокеарска лига и влезе во историјата како прв спортист кој заиграл во фудбалската Премиер и хокеарската Елитна лига.
Чех во 2019 година, во финалето на Лига Европа, го имаше последниот настап како фудбалски голман, а потоа постепено се префрли на хокеј. Кариерата ја почна во четврта лига, па напредуваше во трета, втора, а дебитираше и во прва лига, во дресот на Белфаст џајантс.
Чех на дуелот со Глазгов, влезе во игра на 4,43 минути до крајот, и имаше една одбрана. Попладнево Белфаст гостува кај Нотингам пантерс, па Чех има прилика повторно да застане на голот.