Пеце го кандидираше Демирел, а Антиќ ќе гласа за Томашевиќ?

Новиот претседател на кошаркарската федерација на нашата земја, Перо Антиќ, најверојатно на утрешното гласање за претседател на ФИБА Европа, својот глас ќе го даде за Србинот Дејан Томашевиќ. Кандидати за челници на европската кошаркарска федерација се уште Турчинот Тургај Демирел кој е актуелен предводник, и Белгиецот Сирил Куманс, кој беше во улога на потпретседател.

Една од националните федерации кои го кандидираа Демирел, беше и македонската. Но, тоа се случи пред Изборното собрание на кое дојде до смена на раководството. Новиот претседател Антиќ има поблиски релации со Томашевиќ со кого имаа средба при прославата посветена на легендарниот тренер Лазар Лечиќ. Ова значи дека иако Македонија го кандидираше Демирел, веројатно ќе гласа за Томашевиќ.

Демирел кој се бори да добие нов четиригодишен мандат, имаше големи замерки за турската федерација и нејзиниот претседател Хидает Туркоглу. Демирел се лути што иако е Турчин, домашната федерација не го поддржува, и смета дека неговата земја треба да гласа за него, но Туркоглу е во „коалиција“ со Томашевиќ. Токму Туркоглу и Томашевиќ беа меѓу првите кои го поддржаа Антиќ пред собранието, па може да се насети дека Антиќ сепак својот глас ќе го даде за актуелниот генерален секретар на српската федерација.

Сите корисници кои се дел од Sport Llife клуб, со собирање поени може да земат кошаркарска топка преку Sport Life маркетот.

- Оглас -

Најнови вести