Пике бара да се смени правилото за пенали: Ова не е фер!

Шпанија остана без финале на Европското првенство откако синоќа на пенали беше елиминирана од Италија. Ова беше трет меч по ред на кој Шпанија одигра 120 минути, откако претходно дури по дополнителни 30 минути игра ја елиминира Хрватска со 5:3, а потоа не пенали ја елиминира Швајцарија. Сега Црвената фурија доживеа елиминација.

Некогашниот шпански репрезентативец Жарат Пике смета дека Шпанија била во подредена ситуација во изведувањето на пеналите против Италија и дека Аѕурите со тоа што први шутираа, беа во предност.

„Не случајно на сите четири меча на коишто имаше пенали на ЕП 2020 победуваше репрезентацијата која прва шутираше. Статистиката покажува дека тие имаат поголеми шанси за победа на пенали, што не е фер за тие што шутираат втори. Втората екипа едноставно е хендикепирана“, вели Пике.

Дефанзивецот на Барселона има и план за тоа како треба да биде променет начинот на шутирање пенали.

„Мислам дека најдобар формат е пеналите да се шутираат АББААББААБ. Така екипите ќе се менуваат на начин на кој е помалку емоционално тежок за оние коишто ќе промашат“, додаде Пике.

Во УЕФА веќе се зборуваше за промена на начинот на изведување на пенали, но засега нема промена во форматот на изведување на ударите од белата точка.

 

- Оглас -

Најнови вести