Пике и Шакира дефинитивно се разделија

Ѕвездата на Барселона, Жерар Пике, дефинитивно се раздели со познатата пејачка Шакира по 12 години заеднички живот. Сега веќе експарот ја потврди информацијата за шпанските медиуми.

„За жал, дефинитивно се разделуваме. За доброто на нашите деца кои ни се најголем приоритет, од јавноста бараме да се почитува нашата приватност. Ви благодариме на разбирањето“, стои во изјавата.

Пике веќе извесно време живее сам, откако во јавноста се појавија скандалозни информации дека ја изневерил Шакира и тоа со мајката на неговиот 18 години помладиот соиграч, Гави.

Стоперот на Барселона и популарната Шакира се запознаа во 2010 година на Мундијалот во Јужна Африка, а имаат две деца Милан и Саша.

- Оглас -

Најнови вести