Пике има понуда да се врати во Премиер лигата

Жарарт Пике беше првиот член на Барселона кој своеволно се понуди да биде продаден со цел да почне нова ера во редовите на каталонскиот гигант. Болниот пораз од 2-8 од Баерн Минхен многу го погоди Пике, по што неговото заминување од „Камп ноу“ е сè поизвесно.

Се чини дека тоа барање ќе му се оствари откако Фулам покажа интерес да го врати ексстоперот на Манчестер јунајтед во Премиер лигата. Фулам преку плејофот од Чемпионшип лигата успеа да се врати во англиската елита, а менаџерот Скот Паркер посакува искусни и квалитетни засилувања со цел да се задржи статусот на прволигаш.

Наводно веќе е испратена понуда до Барселона за услугите на Пике, а Каталонците, односно новиот тренер Роналд Куман ќе донесе одлука дали ќе се отворат преговори со екипата од „Крејвен котиџ“.

 

- Оглас -

Најнови вести