Поранешниот фудбалер и легенда на Барселона, Жарарт Пике, призна дека му здодеално да биде фудбалер и преклани на 35-годишна возраст се повлече од активното играње.
„Луѓето мислат дека е одлично да се биде фудбалер, но понекогаш едноставно не сакаш да го правиш тоа. Само замислете: треба да се разбудите во 9-10 часот наутро, да облечете шорцеви за да тренирате тактики и стратегија. Станува досадно! Нема да сакате повеќе да играте фудбал по 20 години кариера“, рече Пике.
Славниот шпански стопер беше еден од најдоминантните дефанзивци во последната деценија, а со клубот и репрезентацијата освои сè што можеше да се освои. Пике во професионалната кариера заработи над 200 милиони евра, а освен за Барса, играше и за Манчестер јунајтед и Реал Сарагоса.