Пике направи надградба на предизвикот со тоалетна хартија (видео)

За полесно да се помине времето во самоизолација додека трае пандемијата со Коронавирусот, потребно е да се има доволно занимации покрај обврските. Како хоби во изминатиов период на фудбалските и останатите спортски ѕвезди им е жонглирањето со тоалетна хартија, додека има и такви кои се противат на популарниот предизвик.

Жарарт Пике одлучи да учествува, меѓутоа наместо да жонглира со нога, тој успеа 20 пати да ја одржи тоалетната хартија во воздух со помош на рамката од тенискиот рекет. Притоа ѕвездата на Барселона се осмели да го предизвика моментално најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, како и неговите поранешни соиграчи Карлес Пујол, Сеск Фабрегас, но и светскиот првак во Мото ГП Марк Маркес.

- Оглас -

Најнови вести