Пике создаде нов спорт кој ќе го освои светот (ВИДЕО)

Жарарт Пике е организатор на првото Светско првенство во балон. Не, не станува збор за играње на фудбал во популарниот балон, туку во натпреварување каде што има двајца играчи, а главната цел е надуваниот балон да не го допре подот.

Пред неколку дена е одржано првото Светско првенствто, а победник е Перуанецот Франческо де ла Круз.

„Понекогаш во животот треба да излеземе од комфорната зона и да пробаме нови работи. Оваа игра ја имаме играно сите како мали и затоа сметам дека треба да се направи шампионат. Едноставно, мене добро ми доаѓа бидејќи заборавам на целиот притисок кој ми го носи фудбалот“, изјави Пике.

Интересно е што името на светскиот шампионат е „Балоон Д’Ор“ и е слично со името на наградата која се доделува за најдобриот фудбалер во сезоната од страна на ФИФА. За каков спорт станува збор, погледнете во видеото.

- Оглас -

Најнови вести