Пике тренираше по три месеци, можно е и да игра во вторник против ПСЖ

Барселона со нетрпение го чека кам-бекот на Жерар Пике, а стоперот на шпанскиот гигант веројатно ќе биде подготвен за настап на првиот дуел од двомечот со Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.

Ќе се игра на 16. февруари, во вторник, а Пике веќе тренираше со соиграчите, по пауза од три месеци. Последен настап за Барселона му беше на дербито со Атлетико Мадрид, кога се повреди и беше заменет по еден час игра.

Настрадаа лигаментите на коленото по судирот со Кореа, но сега како што објави „Марка“ може и да игра против ПСЖ.

Евентуалниот кам-бек на најдобриот стопер на Барселона, ќе биде голем поттик за Каталонците, особено што ПСЖ има многу проблеми со повреди на фудбалерите и сигурно ќе остане без Нејмар и Анхел Ди Марија за гостувањето на „Камп Ноу“ за два дена.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести