Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, го објави списокот на играчи на кои ќе смета за претстојните натпревари во Лигата на нациите.
Пикси, по дебаклот во Германија, го подмлади тимот, а на поширокиот список се најдоа 29 играчи, кој ќе биде скратен на 30 август. Во споредба со ЕВРО 2024, повикани се дури 11 нови фудбалери, а на списокот го нема капитенот Душан Тадиќ, кој по јавните несогласувања со Пикси објави дека ја завршува репрезентативната кариера.
Покрај него, на списокот ги нема и голманот Вања Милинковиќ-Савиќ, Урош Спајиќ, Срѓан Мијaиловиќ и Филип Младеновиќ од одбраната, како и Немања Гудељ и Филип Костиќ, кои најавија дека ќе се повлечат од репрезентацијата, како и Тадиќ. Исто така, на списокот го нема ниту Мијат Гачиновиќ.
Србија ќе го одигра првиот натпревар од Лигата на нациите против Шпанија на 5 септември на стадионот „Рајко Митиќ“. Три дена подоцна, Србија ќе гостува во Копенхаген на Данска во второто коло од групата 4 во дивизијата А.
На списокот на Драган Стојковиќ за мечевите од Лигата на нации се најдоа следните имиња:
Голмани: Предраг Рајковиќ, Ѓорѓе Петровиќ, Александар Јовановиќ, Марко Илиќ;
Одбрана: Страхиња Павловиќ, Никола Миленковиќ, Срѓан Бабиќ, Милош Вељковиќ, Страхиња Ераковиќ, Немања Стоиќ, Јан-Карло Симиќ, Коста Недељковиќ, Алекса Терзиќ;
Среден ред: Саша Лукиќ, Иван Илиќ, Немања Максимовиќ, Кристијан Белиќ, Марко Грујиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Лазар Самарџиќ, Милан Алексиќ, Андрија Живковиќ, Вељко Бирманчевиќ, Стефан Митровиќ;
Напад: Александар Митровиќ, Душан Влаховиќ, Лука Јовиќ, Петар Ратков, Михаило Ивановиќ.