Живата легенда на српскиот фудбал, Драган Стојковиќ-Пикси, следниот петок ќе биде официјално промовиран во нов селектор на фудбалската репрезентација на Србија. Фудбалскиот сојуз на Србија конечно се договори со Пикси и најде наследник на Љубиша Тумбаковиќ кој си замина во средината на декември.
Стојковиќ ќе ја води селекцијата на Србија во квалификациите за СП 2022 и наредното ЕП. Проблем беше неговиот договор со клубот Гвангџу Р&Ф, па мораше да се откаже од околу два милиони евра за да добие раскин на договорот и да го преземе кормилото на репрезентацијата.
Се шпекулира дека популарниот Пикси како селектор на Србија ќе има плата од 600.000 евра годишно, и 1,2 милиони за две години. Тоа е доста помалку од неговата заработка во Кина која неофицијално беше околу 4 милиони. Но, ако Србија се пласира на Мундијалот во Катар 2022, Стојковиќ кој вети пласман на СП, ќе инкасира дополнителен милион.