Пиоли: Не смееме да дозволиме вака да се срамиме

Милан прв пат загуби сезонава на гости и тоа на теренот кај тимот кој имаше најслаб биланс на свој терен, Специја. Иако Росонерите беа големи фаворити, на теренот Специја покажа како се игра и против подобри од себе.

Во текот на сите 90 минути гостите од Милано не упатија ниту еден прецизен удар кон голот на домаќините, а тренерот на Росонерите го призна поразот и најави дека никогаш повеќе не смее да одиграат толку слабо.

„Специја заслужено победи, а за нас ова е првиот пораз кој го заслуживме. Не покажавме доволно квалитет, немавме интензитет во играта и противникот тоа го искористи. Ова е важна лекција за нас. Сфативме дека ако не одиграме како што знаеме, тогаш ќе се срамиме како на овој меч. Ова не беше Милан кој сакаме да го гледаме и веќе на следниот меч треба да покажеме дека сме се корегирале“, рече Пиоли.

Киксот на Милан денеска може да го искористи нивниот градски ривал Интер, но доколку ги освои трите бода на „Џузепе Меаца“ против Лацио, ќе биде нов лидер во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести