Пиоли врти нов лист во Милан

Стефано Пиоли уште на стартот на својата авантура на кормилото на Милан воведува промени со кои треба да се подобри тимскиот дух. Пиоли прво што смени во тимот е да ги смени работите во трпезаријата.

Наместо да вечераат на одделни помали маси, фудбалерите на Милан отсега ќе јадат сите заедно на една голема маса. Исто така, Пиоли ги извести играчите дека и за време на доручек треба да бидат заедно.

Италијанскиот стратег пред неколку дена потпиша двегодишен договор со Росонерите и го замени Марко Џампаоло. По седум кола во Серија А, Милан стои на 13-тата позиција на табелата со девет освоени бодови.

- Оглас -

Најнови вести