Пипо повторно со предизвик да брка промоција во Серија А

Филипо Инѕаги најде нов тренерски предизвик во Реџина по потписот на тригодишен договор со второлигашот.

Екипата која во минатата сезона едвај избори опстанок во Серија Б, сега има поголеми амбиции и ќе се обиде со легендата на италијанскиот фудбал да се врати во елитата.

Популарниот Пипо веќе има искуство во водење екипи кон повисок ранг. Со Венеција избори промоција во Серија Б, додека Беневенто го одведе до Калчо лигата во сезоната 2020/21, но не успеа да го задржи прволигашкиот статус на екипата.

Последно работеше во Бреша, каде доби отказ во финишот од ланската сезона.

- Оглас -

Најнови вести