Пирова победа за финскиот шампион, Ѕвезда остана во игра за групната фаза во ЛШ (видео)

Хелсинки славеше со 2-1 против Црвена ѕвезда во реванш-натпреварот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите, но тој резултат не е доволен за пласман понатаму. Погодокот кој го постигна Јованчиќ во 56-тата минута од средбата практично ги трасираше Црвено-белите во следната фаза од квалификациите, што ја надополни разликата обезбедена од средбата пред шест дена која се одигра во Белград (2-0).

Домаќините претходно со Далсторм добија надеж за пресврт само една минута по стартот на второто полувреме, а погодокот на Риски во втората минута од судиското надополнување беше задоцнета реакција која ја донесе пировата победа.

Српскиот шампион во следното коло го очекува подобриот од парот Копенхаген – ТНС, каде што по првиот меч Данците имаат предност од 2-0.

https://www.youtube.com/watch?v=T86AdA3a7lw

- Оглас -

Најнови вести