Пирова победа за Ѓаволите – Сити пак ќе го брани Лига купот

Манчестер сити се пласира во финалето од Лига купот на Англија иако Граѓаните претрпеа пораз од 0-1 од градскиот ривал Јунајтед. Актуелниот бранител на трофејот имаше предност од 3-1 од првиот дуел, па овој пораз пред домашните навивачи и не е толку болен.

Избраниците на Оле Гунар Солскјер имаа надеж дека ќе изборат барем продолженија со евентуални 2-0 бидејќи Матиќ во 36-тата минута им донесе предност со одличниот волеј. 

Пред паузата, Сити постигна израмнувачки гол преку Стерлинг, меѓутоа тој не се важеше поради офсајд. Давид де Хеа вечерва беше на ниво на задачата и спречи неколку опасни удари на домаќините, пред сè на Агуеро, но и негов погодок во второто полувреме се поништи поради недозволена позиција. Екипата на Гвардиола не успеа да избегне пораз иако гостите речиси дваесетина минути играа со играч помалку по црвениот картон кој го заработи Немања Матиќ.

Сити трета година во низа ќе се бори за трофејот во Лига купот, а ќе го брани против Астон вила на 1 март на „Вембли“.

- Оглас -

Најнови вести