Пизаро и во петата деценија руши рекорди во Бундес лигата

Клаудио Пизаро и на 41 година не се предава и уште е дел од Бундес лигата. Легендарниот напаѓач влезе во второто полувреме за Вердер на дуелот против Падерборн и со тоа постави нов рекорд во германското првенство. За Перуанецот ова беше 38-ми различен ривал против кого игра во Бундес лигата. Ниту еде друг играч во историјата нема настапи против толку многу различни клубови во елитната германска лига.

За жал на Пизаро, Вердер загуби со 1:0. Перуанецот сезонава нема постигнато ниту еден гол, но тој го држи и рекордот за најстар стрелец во историјата на Бундес лигата. Минатата сезона даде гол против Херта, а тогаш имаше 40 години и 136 денови.

Вердер моментно е на 14 место на табелата со 14 бодови од 14 одиграни меча.

 

- Оглас -

Најнови вести