Пижамите на Кристијано од 2.000 евра предизвикаа бура од коментари

Најпопуларниот спортист на светот според следбениците кои ги има на социјалните мрежи, фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, ги изненади своите фанови со една фотографија на која тој лежи на луксузна јахта, облечен во пижами од францускиот бренд „Луј Витон“ кои чинат околу 2.000 евра и порача: „Колку убаво!“.

Последните денови од летото Португалецот ги користи за прошетки по море, нешто што нема да може да го прави во следните месеци, кога ќе залади, но она што им „фати око“ на следбениците не е јахтата, туку пижамите. Кристијано е љубител на луксуз и скапи брендови, сакаше на јахтата да му биде комфорно и облече екстравагантни пижами чиј горен дел е 1.050 евра, а долниот 938 евра.

Роналдо има и многу „непријатели“, луѓе кои не го сакаат, па има и негативни коментари. Еден од поинтересните е дека изразот на лицето на Роналдо е како баба му да го тера да се слика во новите пижами кои таа штотуку му ги купила за роденден, а има коментар и дека пижамите личат на третиот дрес на Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести