Пјаниќ ги одбил ПСЖ и Манчестер јунајтед за да облече дрес на потрофеен гигант

Миралем Пјаниќ е сè поблиску до потпис со шпанскиот првак Барселона, открива каталонскиот весник „Спорт“. Според пишувањата, репрезентативецот на Босна и Херцеговина го одбил понудите од Пари Сен Жермен и Манчестер јунајтед за да заигра за гигантот од „Камп ноу“.

„Пјаниќ е главна тема на разговор меѓу Барселона и Јувентус. Во нормални услови тешко дека Барселона ќе можеше да го доведе, но поради пандемијата од корона-вирусот и економската криза, Јувентус е подготвен да го продаде Миралем“, пишува „Спорт“.

Се најавува дека Пјаниќ ќе потпише четиригодишен договор со Барселона. Покрај парите, Јувентус бара двајца фудбалери, од кои едниот треба да биде дефанзивецот Жан-Клер Тодибо, додека вториот играч е енигма.

Пјаниќ е во Јувентус од 2016 година, кога најтрофениот италијански клуб за него плати 32 милиони евра. Претходно има играно за Рома, Лион и Мец.

- Оглас -

Најнови вести