12.8 C
Skopje
сабота, 8 ноември 2025

Пјастри е големиот губитник на спринт трката во Бразил

Ландо Норис победи на денешната спринт трка на патеката Интерлагос во Сао Пауло, и освои нови 8 бодови со кои си го зголеми водството во генералниот пласман пред тимскиот колега од Мекларен, Оскар Пјастри, кој излета и спринт трката ја заврши после само осум круга.

Зад Норис на второ и трето место се најдоа Кими Антонели и Џорџ Расел од Мерцедес. Макс Ферстапен кој е третиот претендент за титулата, беше четврти и дополнително му се приближи на Пјастри во генералниот пласман.

Вечер од 19 часот се квалификациите, а главната трка за Големата награда на Бразил е утре.

- Оглас -

Најнови вести