Кшиштоф Пјатек повторно е на „главна фаца“ во италијанската Серија А. Полскиот интернационалец донесе нова победа на Џенова во дуелот против Фросиноне со два погодоци. Со овие два гола, Пјатек стигна до осум гола во првите шест кола во Серија А.
Втор стрелец во лигата е Лоренцо Инсиње, кој има три гола помалку од Полјакот. Ако се додадат и четирите гола кои Пјатек ги даде во Купот, тоа се 11 погодоци во седум дуели одиграни сезонава.
Вакво чудо како Пјатек во Серија А не е видено речиси 70 години. Последен пат кога еден играч во дебитантската сезона, во првите шест среди имал постигнато осум погодоци е Карл Хансен од Аталанта во сезоната 1949/50. Ниту ѕвезди како Роналдо и Андриј Шевченко не успеаа да го постигнат ова што сега го прави Пјатек.