Полскиот напаѓач Кжиштоф Пјонтек денеска би требало да стане нов играч на берлинска Херта. По доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ, на Пјонтек му стана јасно дека ќе биде резерва и дека не е во прв план, па реши да оди некаде каде што ќе игра редовно. Изборот му падна на Херта, која на Милан ќе му плати 27 милиони евра.
Пјонтек синоќа беше снимен на аеродромот во Милано, од каде што со приватен авион замина во германската престолнина. Денеска Пјонтек ќе треба да ги мине лекарските прегледи и ако нема никаков проблем, ќе потпише за Херта.
Пјонтек во Херта ќе има годишна плата од 4 милиони евра и би требало добро да се снајде. Барем историјата покажала дека Полјаците добро играат во Бундеслигата.
Piatek arrives at Linate airport ahead of flying to Berlin to join Herthapic.twitter.com/MmIUbYJ2RM
— Milan Eye (@MilanEye) January 29, 2020