Пладневно матине за МЗТ во Белград, можно ли е чудо кое сезонава не било во АБА лигата

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром во малку необичен термин ќе гостува во Белград на Мега баскет во меч од 21. коло во АБА лигата. Точно на пладне треба да започне дуелот од регионалната лига, на кој домаќинот е голем фаворит за победа. Освен овој меч, денеска се играат уште две средби во АБА лигата, кои секако ги има во понудата на Sport Life.

Мега Баскет се бори да биде во Топ 8 на табелата, додека МЗТ има единствен приоритет, а тоа е да избега од дното на табелатаво АБА лигата. МЗТ Скопје е единствениот тим во лигата кој нема победа на гостински терен. Во 10 досегашни средби на туѓ терен, Штрковите имаат исто толку порази.

Тоа што може да биде охрабрувачки за МЗТ е фактот дека во последните три кола, аеродромци успеаа да ги победат Цедевита Олимпија и ФМП, екипи кои се борат за врвот на табелата. Македонскиот тим сезонава славеше и над Мега Баскет во Скопје и тоа со 94:82, но сега ситуацијата е многу поинаква и српскиот тим е голем фаворит.

За трите меча во АБА лигата има и 27 кошаркари кои може да ги одиграте на „плус-минус“ поени, а тука се и петмина играчи од МЗТ Скопје Аеродром.

- Оглас -

Најнови вести