Утринава произлегоа информации дека Мишел Платини, експретседателот на Европската фудбалска федерација, бил уапсен од страна на француската полиција за наводно вмешување во нерегуларното доделување на домаќинствата на Русија и Катар за Светските првенства во 2018 година и 2022.
Сепак, се испостави дека Платини не бил уапсен како осомничен, туку приведен како сведок и мора да соработува во решавање на истрагата. Легендарниот Французин ќе биде задржан некое време во притвор, во просториите на антикорупциското одделение на правосудната француска полиција.