Мишел Платини уапсен во Париз

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини утринава бил уапсен во Париз поради сомнеж дека бил вмешан во нерегуларно доделување на домаќинството на Катар за Светското првенство 2022 година.

Француската полиција го задржа во станица наводно дека и Платини имал врска околу корупцијата поради доделувањето на Мундијалот на азиската земја, од каде што ќе биде преместен во Нант, во просториите на антикорупциското одделение на државните органи.

Шеесет и тригодишниот поранешен репрезентативец на Франција беше прв човек на УЕФА од 2007 до 2016 година, а потоа беше отстранет од функцијата и доби шест години суспензија од фудбалски активности поради малверзации поврзани со Сеп Блатер, експретседателот на ФИФА, казна која подоцна беше намалена на четири години од страна на Судот за спортска арбитража.

Според информациите, на распрашување бил доведен и Клод Гент, поранешен советник на експретседателот на Франција, Никола Саркози, но тој не е уапсен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести