Платите на Eл Шарави и Арнаутовиќ во Кина се вртоглави

Офанзивецот на Вест хем, Марко Арнаутовиќ, се пресели во тимот на Шангај СИПГ за сума од 25 милиони евра. Австриецот со српско потекло потпиша повеќегодишен договор според кој ќе заработува околу 17 милиони евра по секоја сезона.

Градскиот ривал на Шангај, Шангај Шенхуа, исто така денес официјализираше трансфер на играч кој доаѓа од Европа. Станува збор за крилото на Рома, Стефан Ел Шарави, за кого кинескиот клуб плати 18 милиони евра. Италијанецот со египетско потекло го стави својот потпис на тригодишен договор кој ќе му носи околу 15 милиони евра секоја одиграна сезона.

Платите и на двајцата фудбалери се вртоглави бидејќи никогаш не би можеле да добијат олкави суми од европски клуб, па тоа беше главната причина што се одлучија да се преселат на далечниот Исток.

- Оглас -

Најнови вести