Пливачко чудо од Романија, 17-годишник постави светски рекорд на 100 метри слободно (Видео)

Феноменалниот 17-годишен романски пливач Давид Поповичи, вчера на Европското првенство во Рим постави светски рекорд на 100 метри слободно, откако патеката ја исплива за 46 секунди и 86 стотинки.

Тинејџерот стана првиот пливач кој двапати во кариерата 100 метри испливал за помалку од 47 секунди, а тоа го стори во финалето и во полуфиналето на ЕП во Рим. Стариот рекорд на Бразилецот Сезар Фиљо од 46.91 траеше 13 години и многумина мислеа дека уште долго нема да биде урнат, бидејќи Фиљо тогаш пливаше со високотехнолошки костим кој помага за помало триење на телото со водата.

Поповичи е најмладиот светски рекорд на 100 метри во историјата.

- Оглас -

Најнови вести