„Плукачот“ Турам се врати со гол – Дербито на двете Борусии за тимот од Менхенгладбах

Фестивал од голови имаше на германското дерби меѓу двете Борусии, а домашниот тим од Менхегладбах беше подобар и ги победи гостите од Дормунд со 4:2.

Мечот го одбележа кам-бекот на Маркус Турам по петте меча пауза што ја доби по исклучувањето на дуелот со Хофенхајм, кога плукна противнички играч.

Се врати со гол, последниот на дербито мешу двете Борусии за печат на големата победа на домаќините. Нико Елведи постигна два гола за Борусија Менхенгладбах, ист учинок имаше Ерлинг Халанд на спротивната страна, а клучни беа двата гола на домаќините во второто полувреме.

Бенсебаини погоди во 49. минута, а Турам во 78. ги реши сите дилеми околу победникот. Борусија Менхенгладбах успеа и да го прескокне денешниот ривал со 31 бод на четвртото место во Бундеслигата.

Екипата од Дортмунд е на петтото место со 29 бода по 18 одиграни натпревари во германското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести