По 11 меча без победа, тренерот во Премиер лигата добивал смртни закани

Менаџерот на Њукасл, Стив Брус, откри дека за него бил многу лош периодот од 15 декември, па до крајот на јануари оваа година. Во тој период Њукасл нареди дури 11 меча без победа. Чавките деветпати загубија, а само двапати одиграа нерешено, па Брус станал цел на лутите навивачи.

Искусниот 60-годишен стратег откри дека добивал и смртни закани поради лошите резултати на клубот. За среќа на Брус, Њукасл победи на гости кај Евертон со 2:0 на 30 јануари, а пред неколку дена славеше и над Саутхемптон.

„Добивав закани од секаков вид. Дури и смртни закани. Јас не сум дел од социјалните мрежи, но моите блиски ги следат реакциите таму. Тоа е ужасно, што сè е пишувано. Гнасни и нецензурирани работи. Тоа мора да сопре“, рече Брус.

Тренерот на Њукасл е вториот за кратко време во Премиер лигата кој се жали на закани по живот, откако минатата недела тоа го откри и судијата Мајк Дин.

 

- Оглас -

Најнови вести