По 13 години пауза, Тотенхем ќе се бори за трофејот во Лига Купот на Англија (видео)

Тотенхем е првиот финалист во Лига Купот на Англија по победата од 2-0 над второлигашот Брентфорд. По пауза од 13 години, Петлите ќе се борат за трофејот во ова натпреварување, додека ова е прв нивен пласман во едно финале со Жозе Мурињо како менаџер.

Специјалниот воедно ќе се обиде по петти пат да го дофати пехарот од Лига Купот, откако претходно трипати го освои со Челзи и еднаш со Манчестер јунајтед.

Сисоко ја отвори средбата на „Вембли“ уште во 12-тата минута со ефектен погодок со глава по одличното проигрување од страна на Регилон. Тотенхем ја контролираше средбата, но Брентфорд играше без страв, па во второто полувреме аутсајдерот стигна до погодок.

За жал, голот на Тоуни не беше регуларен поради милиметарски офсајд по интервенција на ВАР-технологијата, а неполни 10 минути подоцна, Сон ги реши сите дилеми погодувајќи за 2-0, за финишот Брентфорд да го дочека со 10 играчи на теренот по црвениот картон на Дасилва.

https://twitter.com/CriistoRomero/status/1346567119819968513

Тотенхем утре ќе го добие противникот во финалето, на исто место ќе се судрат градските ривали Манчестер сити и Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести