По 311 дена пауза на терен се врати италијанскиот репрезентативец и сега сонува да игра во мечот за пехар

Рома синоќа загуби со 2:0 на гостувањето кај Фиорентина, но има и една убава вест за Волчицата по овој дуел. По пауза од 311 дена, на теренот се врати Леонардо Спинацола.

Левиот бек се повреди во дресот на италијанската репрезентација, и тоа за време на Европското првенство. Во четвртфиналето против Белгија, Спинацола ја повреди Ахиловата пета и на носилки беше изнесен од теренот.

Повеќе од 10 месеци поминаа од повредата, а Спинацола конечно дочека повторно да се врати на теренот. Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, реши во 90-тата минута во игра да го внесе Спинацола и бекот одигра вкупно минути.

„Последните триесетина дена чувствував дека ситуацијата се подобрува. Овие четири минути ми беа многу важни, како и секоја наредна минута што ќе бидам на теренот. Која мисла ми помина низ мозокот пред да влезам? Конечно дојде овој момент што го чекав 10 месеци“, рече Спинацола по дуелот со Фиорентина.

Сега се очекува Спинацола да се врати во старата форма и повторно за него да има место во првиот тим на Рома, но и на италијанската репрезентација. Левиот бек најави дека очекува да биде дел и од финалето во Конференциската лига против Феенорд на дуел кој е закажан за 25 мај во Тирана.

- Оглас -

Најнови вести