По 36 години чекање, повторно ќе биде весело на стадионите во Англија

Навивачите низ цела Англија по долго време, повторно ќе имаат можност да пијат алкохол на трибините, за време на мечевите од Премиер лигата и останатите шампионати.

Британската парламентарка Трејси Крауч даде предлог, кој би требало да биде усвоен, за повторно враќање на алкохолот на стадионите во Англија. Во англискиот фудбал повеќе од три и пол децении е забрането конзумирањето на алкохолот на трибините. во 1985 година беше донесен закон за забрана на алкохолот на трибините, со цел да се намали хулиганизмот.

Во Англија е дозволено на мечевите во рагби и крикет да се точи алкохол на трибините, па пратеничката Крауч смета дека истото може да биде дозволено и во фудбалот. Англиските навивачи се познати по тоа дека пијат многу алкохол пред да отидат на фудбалски натпревари, посебно кога одат на некое гостување.

 

- Оглас -

Најнови вести