По блескавиот меч против Парма, Роналдо сруши уште еден рекорд

Кристијано Роналдо уште еднаш покажа дека 2020 година ќе биде негова. Португалецот уште еднаш блесна и даде два гола во победата од 2:1 против Парма. Со оваа победа, Јувентус стигна до 51 бод и сега има четири повеќе од Интер, кој попладнево киксираше и одигра само 1:1 против Лече.

Несопирлив беше Роналдо, кој веќе има шест гола во Серија А, во трите меча кои ги одигра во 2020 година. Главната ѕвезда на Јувентус погодува на седум дуели по ред во првенството, нешто што не му успеало на ниту еден играч на Јувентус во последните 15 години. Последен пат со погодоци на седум средби по ред бил Давид Трезеге во 2005 година.

Освен низата голови, Роналдо стана единствениот играч кој 14 сезони по ред дава најмалку 15 погодоци во некоја од Топ 5 лигите. Откога во дресот на Манчестер јунајтед во сезоната 2006/07 ја достигна оваа граница од 15 погодоци во првенството, Кристијано секоја наредна сезона има барем 15 голови во шампионатот. Ако се гледа вкупниот број голови во овој период, Роналдо се радувал вкупно 414 пати.

- Оглас -

Најнови вести