По Боатенг, во Фиорентина доаѓа и Најнголан?

Фиорентина наводно е блиску до реализација на позајмицата за Раџа Најнголан од Интер со опција следната сезона да го откупи договорот на Белгиецот. Виолетовите вчера го официјализираа ангажманот на Кевин-Принс Боатенг од Сасуоло, а сега се подготвени да доведат уште еден играч кој има слични карактеристики како и Ганецот кога станува збор за однесувањето надвор од терените.

Цифрите околу позајмицата засега не се познати, но медиумите од Италија тврдат дека Фиорентина ќе отплаќа само дел од платата на Најнголан, додека останатите трошоци ќе ги покрие Интер.

Ќе биде интересно да се видат контроверзните Боатенг и Најнголан на иста страна и дали нивното его ќе биде проблем за тренерот Винченцо Монтела.

- Оглас -

Најнови вести