По бод за Наполи и Милан, Елмас покажа дека е лош актер

Милан и Наполи одиграа 1-1 во дербито на италијанската Серија А, во меч на кој Македонецот Елиф Елмас играше цело време, од прва до последна минута. Во 69-та минута, Елиф се обиде да изнуди пенал, но лошо го стори тоа, паѓањето му беше премногу наивно, па судијата му додели жолт картон.

Наполи поведе со голот на Лозано во 24-та минута, а само пет минути подоцна изедначи Бонавентура. За Бонавентура ова е прв гол во Серија А после пауза од 412 дена.

Фудбалерите играа со црвени линии на образите, одбележувајќи го денот за борба против насилство врз жените. Во ложата на „Сан Сиро“ беше Масимилијано Алегри, па веднаш се појавија шпекулации дека би можел да се врати на клупата на Милан, бидејќи замената на Џампаоло со Пиоли, засега не дава резултат.

 

- Оглас -

Најнови вести