По два и пол месеци пауза: Камбек прави и Спортската прогноза!

Фудбалот во Европа полека се враќа во нормала, а тоа е знак дека и популарната Спортска прогноза може да продолжи со полна пареа по два и пол месеци пауза. Од 14 часот достапно е 28-мото коло за прогнозирање, во кое има 13+2 интересни парови за типување иако голем дел од првенствата допрва треба да почнат.

Се најдоа 15 натпревари да се состави новото коло, а секако најголем дел од паровите се издвоени од германските Бундеслига и Цвајта. Шампионатите во Австрија, Чешка, Унгарија, Хрватска, Данска и Полска продолжија со натпреварување точно навреме, дуелите од овие првенства ќе бидат вистински тест за учесниците да го покажат своето фудбалско знаење.

Колото број 28 за оваа сезона почнува со дербито меѓу Баер Леверкузен и Баерн Минхен. На „Бај арената“ нема да се игра во познатата вжештена атмосфера кога гостува германскиот првак, но со оглед на тоа дека двете екипи се во добра форма по продолжувањето на сезоната, особено Баварците, се очекува да се оправда епитетот на дерби.

Дури осум од вкупно 13 дуели (без резервите) се закажани за недела, а дерби има и за последниот ден од неделата. П’лзењ гостува кај лидерот и актуелен чешки првак Славија Прага, дуел кој исто така се окарактеризира како дерби, иако разликата во бодови меѓу двете екипи е дури осум по 26 првенствени меча. Ова коло нема да заврши во понеделник како по обичај, туку последниот дуел е предвиден за недела навечер, а ќе го комплетираат Локомотива од Загреб и Осијек.

Резервните парови се Ајнтрахт Ф – Мајнц и Рапид Виена – Штурм, исходи кои ќе се сметаат во Генералниот пласман.

Подароците останаа исти, секое коло посебно типувате за прекрасен „ајфон“, кој ќе го добие мајсторот за Спортска прогноза што ќе ги погоди сите 13 парови. Sport Life има подароци и за утки. Учесниците во Спортска прогноза што ќе погодат 12 пара, ќе добијат ваучери од по 1.000 денари, а за две утнати има подарок ваучер од 500 денари.

Пред привремениот прекин, во Генералниот пласман водеше Христијан Т. со 185 поени и работите не се сменети, што е 13 поени предност пред најблиските конкуренти Петре И. и Славе Б. Подарокот за шампионот е ТВ смарт од 48 инчи, а следните четворица најдоброрангирани ќе добијат многу поени за одличен шопинг во СЛ Маркетот на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести