По една деценија се врати дома – Очоа дочекан на спектакуларен начин (Видео)

Гилјермо Очоа се врати дома и повторно ќе брани за матичниот клуб Америка, а навивачите на мексиканскиот гигант го пречекаа на спектакуларен начин.

Стотици симпатизери на најтрофејниот клуб во Мексико беа на аеродромот при пристигнувањето на голманот и му скандираа, прославувајќи го камбекот на репрезентативецот со 106 настапи за популарните Ел Три.

Очоа бранеше за Америка од 2004 до 2011 година, забележа 139 настапи за својот прв професионален клуб, а потоа се пресели во Европа. На Стариот Континент бранеше за: Ажаксио, Малага, Гранада, Стандард Лиеж и речиси по една деценија се врати дома.

- Оглас -

Најнови вести