По грчката победничка серија, Калин почна израелска, а и таа може долго да трае

Калин Ивановски со победа го почна ИТФ турнирот во Ерусалим, Израел, и со 6:3, 6:3 го елиминира Бен Веинтрауб на стартот.

Најдобриот македонски тенисер притстигна во Израел по триумфот во Грција, на ИТФ турнирот во Ираклион на Крит.

Таму имаше „грчка“ серија од пет победи до втириот пехар во кариерата, а одлично почна и со израелска низа на патот кон нов успех.

Рангиран е како седми носител, а утре ривал во осминафиналето ќе му биде уште еден Израелец, Ејал Шиовиц.

Ако и тука победи, пак има шанса да игра со уште еден домашен тенисер, но за тоа му треба прво победа против Шиовиц.

Турнирот е со награден фонд од 25 илјади долари.

 

- Оглас -

Најнови вести