По Кајри, и Дурант веројатно ќе си оди од Бруклин, а неговиот пријател го кани да дојде во Монако: Ќе му понудат и јахта

Управата на Бруклин нетс вчера му ја исполни желбата на Кајри Ирвинг и го размени во Далас маверикс, а нема да биде изненадување доколку до четврток, до кога трае размената на кошаркари, остане и без најголемата ѕвезда Кевин Дурант.

Дурант заедно со Ирвинг во 2019 година потпиша за Бруклин надевајќи се дека ќе успеат да ја освојат титулата, но во трите сезони, најголем успех им беше пласманот во финалето на Источната конференција.

Свесен дека нема шанси да ја освои титулата со Мрежичките, Дурант пред неколку месеци побара да биде разменет, а медиумите во САД пишуваат дека деновиве повторно ќе инсистира да си замине од Бруклин.

Како можна дестинација се споменува Феникс санс, за кого медиумите веќе пишуваат дека има подготвено понуда, но на социјалните мрежи се огласи и пријателот на Дурант, Мајк Џејмс, кој игра за Монако и има интересен предлог.

Џејмс го кани Дурант да се пресели во Европа, поточно во Монако, каде што би добил нешто што нема шанси да го добие во НБА-лигата.

„Мислам дека секој би сакал да го донесе Дурант. Монако ќе му понуди и јахта“, напиша Џејмс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести