По Милан и Јувентус е на прагот на сензационален пораз во Серија А (Видео)

По Милан кој доживеа дебакл пред своите гледачи и загуби со 2:5 од Сасуоло, своите навивачи може да ги разочара и Јувентус.

Фудбалерите на Монца имаат водство од 0:2 по првото полувреме на гостувањето кај Старата дама.

Патрик Чурија во 18-та минута го отвори резултатот, а Дани Мота по одлична акција на Монца, ја удвои предноста на гостите.

Старата дама можеше да доживее дебакл по само 45 минути игра, но судијата поради офсајд го поништи голот на Капрари во 10-та минута.

- Оглас -

Најнови вести