По Обамејанг, Челзи тргнува по уште двајца офанзивци

Челзи се подготвува за фото-финиш во летниот преоден рок, во кој се најавени најмалку уште две засилувања покрај доаѓањето на Пјер-Емерик Обамејанг од Барселона.

Екскапитенот на Арсенал треба да пристигне на „Стемфорд бриџ“ за сума од 27 милиони евра, од кои Каталонците пет милиони ќе ги добијат според одредени бонуси, но огромна сума пари ќе се издвојува уште за двајца офанзивци.

Станува збор за Рафаел Леао, најкорисниот фудбалер во Серија А за минатата сезона, како и талентираниот Ентони Гордон од Евертон. Карамелите за Гордон веќе одбија неколку понуди, а според англиските медиуми, Сините спремаат пакет од 60 милиони фунти, што дел од сумата ќе се исплаќа во бонуси.

Покомплицирана е ситуацијата со Леао. Росонерите му нудат нов договор, неговиот агент бара двојно повисока плата, односно 7 милиони евра на годишно ниво. Милан воедно сака да го откаже интересот од Лондон, потсетува дека Португалецот кој лани постигна 10 и намести 11 гола во Серија А на патот кон Скудетото, има клаузула од 150 милиони евра и само доколку се активира, Леао може да биде нов член на Челзи.

Бурна ќе биде последната недела од преодниот рок, не само во таборот на двократниот европски првак, туку општо во Европа.

- Оглас -

Најнови вести