По поразот од Леванте, играчите на Реал синоќа имаа уште едно непријатно изненадување

Реал Мадрид нема да го памти по добро синоќешното гостување во Валенсија кај Леванте. Кралскиот клуб одигра слаб меч во кој не успеа да го загрози голот на домаќините, а пред крајот на средбата беа и казнети кога Моралес погоди за 1:0. 

По овој пораз, Реал го загуби лидерското место во Примера дивисион, а и ја наруши самодовербата на играчите и атмосферата во тимот, пред два многу важни меча. Мадридскиот гигант во среда на „Сантијаго Бернабеу“ го пречекува Манчестер сити, во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампиони, а неколку дена подоцна, во Мадрид следува и вечното Ел класико, кое може многу да одлучи околу трката за титулата во Примера.

Освен што синоќа Реал загуби од Леванте, по завршување на дуелот, гостите ги дочека уште едно непријатно изненадување. Поради густата магла, аеродромот во Валенсија бил затворен, па експедицијата на Реал била принудена да се враќа во Мадрид со автобус. Постоела опција, играчите да преноќат во хотел во Валенсија, но сепак било решено да се патува со автобус до Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести