Само по пет месеци, Зијех реши да си замине од Галатасарај

Мароканскиот репрезентативец Хаким Зијех реши да ја прекине соработката со тимот на Галатасарај. Искусниот 30-годишен фудбалер веќе си замина од Истанбул и нема намера повторно да се врати таму.

Само пред пет месеци, Зијех прифати да го облече дресот на Галатасарај и да игра за турскиот гигант како позајмен играч од Челзи. Во Истанбул дојде како големо засилување, но авантурата траеше помалку од пет месеца.

Во овој период Зијех успеа да постигне четири гола, а имаше и две асистенции во 14 натпревари, вклучувајќи ги двата погодоци во дуелот против Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите. Мароканецот беше само само на девет меча и на теренот вкупно помина помалку од 800 минути во дресот на Галатасарај.

„Зијех добро започна во Галатасарај, но не заврши како што треба. Тој им соопшти на раководните луѓе на клубот дека ќе си замине. Нема да има никакви проблеми“, вели агентот на Зијех, Џорџ Гарди.

Тешко дека Зијех ќе се врати во Челзи затоа што не е во комбинација за игра кај тренерот Маурисио Покетино, па многу веројатно е дека офанзивецот кариерата ќе ја продолжи во некој тим во Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести