По шокантната елиминација во ЛШ, Де Бројне доби утешна награда: Најдобар е во Премиер лигата

Кевин Де Бројне заслужено е прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата за сезоната 2019/20. Ѕвездата на Манчестер сити остави феноменални бројки зад себе во изминатата сезона од англискиот шампионат, со постигнати 13 гола и израмнување на рекордот од 20 асистенции на Тиери Анри.

Англичаните веќе трета сезона оваа награда ја доделуваат на играч кој во тековната сезона не ја освои титулата во ПЛ. Во претходните две сезони наградата завршуваше во Ливерпул во ситуација кога Сити беше шампион. Салах и Ван Дајк ја имаа таа чест, а сега кога Црвените се прваци одличјето замина за Манчестер.

Со ова се комлетираа сите награди за оваа сезона. Сон Хеунг-Мин ја доби наградата за гол на сезоната, Трент Александер-Арнолд е најдобар млад играч, додека Јирген Клоп е најдобар менаџер.

- Оглас -

Најнови вести