По Сити, сега е стартер и против Вила – Бјелса го врати Алиоски во првиот состав

Езџан Алиоски по вторпат во дебито во Премиерлигата ќе биде стартер за Лидс, вечерва од 21 часот против Астон Вила на гостувањето во Бирмингем.

Нашиот репрезентативец само еднаш сезонава против Манчестер сити беше во почетната постава, а вечерва Марсело Бјелса одлучи да го врати како стартер на неговата позиција, како лев бек.

Лидс ќе се обиде да биде првиот тим што ќе ја порази Астон Вила, откако екипата од Бирмингем нанижа четири победи со гол-разлика 12-2 и заедно со Евертон се единствените две екипи без пораз во новата сезона во Премиерлигата.

Лидс одигра пет натпревари досега, Алиоски играше на три од нив, а неговиот клуб има по две победи и порази и едно реми.

 

 

- Оглас -

Најнови вести