По страотниот старт врз Окампос, играчот на Хетафе стана жртва на расистички навреди (фото)

Џене Даконам стана жртва на расистички навреди од страна на гневни фанови на Севилја, откако фудбалерот на Хетафе вчера брутално го повреди Лукас Окампос.

По страотниот старт, Аргентинецот беше изнесен на носилки, додека Даконам беше исклучен од средбата, а потоа мораше да трпи навреди на расна основа.

„Врати се во џунглата“, „оди назад дома да ловиш лавови“, „твоето однесување е примитивно како племето од каде што доаѓаш“, беа дел од негативните коментари испратени до инстаграм-профилот на фудбалерот од Того.

- Оглас -

Најнови вести