По три месеци суспензија поради допинг

Мохамед Камара и Кеу Коита, фудбалерите на австрискиот првак Салцбург, се казнети со по тримесечна суспенција од страна на УЕФА поради допинг.

Двајцата репрезентативци на Мали биле тестирани во декември, за време на обврските со репрезентацијата, по што во нивните тела се најдени супстанци недозволиви за користење според правилникот на УЕФА. Според истрагата, утврдено е дека лекарот на репрезентацијата ги снабдил Камара и Коита со лекови против болки, по што докторот е обвинет и отстранет од работното место во националниот тим на Мали.

Двајцата фудбалери нема да играат до крајот на сезоната, што е голем хендикеп за Салцбург, кој вчера загуби во првиот меч против Вилјареал со 0-2 1/16 фазата во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести