По утрото денот се познава е максимата што ја потврди и Вардар вечерва во победата против Елверум со 35:32, во вториот меч на двете екипи во краток рок од три дена во Лигата на шампионите.
Стартната акција за првиот гол во изведба на Калараш, Чупиќ и стрелецот Георгиевски беше одлична најава за добар меч и триумф против незгодниот тим од Норвешка.
Калараш со пантерски скок ја спаси топката од аут, а Чупиќ во кошаркарски стил веднаш го проигра крилото Георгиевски на за него необична позиција, па следуваше гол и круна на прекрасната акција за водство од 1:0 за двојниот европски првак.
https://twitter.com/ehfcl/status/1364649049043927044?s=20
Вардар потоа поведе со 9:6, но и замина со три гола негатива на пауза по првото полувреме, откако Елверум одигра подобро во вториот дел од првото полувреме и имаше предност од 20:17.
Двете екипи пред три дена одиграа нерешено 34:34, а вистинска драма имаше и вечерва во Скопје. Елверум водеше со 32:30 на пет минути до крајот, па следуваше клучната и завршна серија на црвено-црните, кои направија 5:0 и победија со 35:32.
Прв стрелец на мечот беше Тимур Дибиров со 9 гола, а едниот од нив сигурно ќе конкурира за најгол во изборот на ЕХФ.
https://twitter.com/ehfcl/status/1364642816509571079?s=20