Побараа Роналдо да се потпише на дрес од Реал, а тој мораше да даде и одговор (Видео)

Кристијано Роналдо имаше не многу добро враќање во дресот на португалската репрезентација, откако актуелниот европски првак одигра без голови на свој терен против Украина, во првиот меч од квалификациите за ЕП 2020. Следниот предизвик за Роналдо и Португалија е дуелот против Србија кој се игра утревечер.

Иако е со репрезентативни задачи, навивачите постојано сакаат да земат потпис од Роналдо и на дресовите од нивните омилени тимови. Еден навивач со дрес на Реал Мадрид во рацете, побара автограм од Роналдо. Капитенот на португалската репрезентација како вистински професионалец се потпиша на дресот, а потоа на смеа му дофрли на навивачот.

„Имаш ли уште еден ден од Јувентус?“, низ смеа рече добро расположениот Роналдо.


- Оглас -

Најнови вести